Цените на нафтата скокнаа за четири отсто по нападот врз танкерите

Цените на нафтата во четвртокот на меѓународните пазари скокнаа за четири отсто поради стравувањата по нападот врз два танкера во Оманскиот залив во близина на иранските води и Омуршкиот теснец, које е важен пат за светските испораки на нафтата.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,91 долар или за 3,18 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден, откако во четвртокот во еден момент скокна дури за 4,45 отсто, на 62,64 долари. На американскиот пазар барелот беше во плус од 1,42 отсто или за 2,78 отсто, на 52,56 отсто, откако накусо скокнал 3,85 отсто, на 53,11 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) утрово објави дека цената на барелот на нејзината референтна кошница нафта на нејзините членки, во средата изнесувала 61,91 долар и била 1,55 долари пониска во однос на претходниот трговски ден.

Танкерите „Front Altair“ под знаме на Маршаловите острови кој превезувал нафта, и „Kokuka Courageous“ под панамско знаме кој превезувал метанол, биле евакуирани а екипажите спасени. Изнајмувачот на „Front Altair“ искажал сомневања дека танкерот бил погоден со торпедо, додека од другиот танкер соопштија дека се соменваат во напад во кој имало оштетувања на бродот, но товарот останал неоштетен. Инцидентот следеше по минатомесечните напади врз бродови во близина на емиратот Фуџајра, каде се наоѓа еден од најголемите светски јазли за товар на нафтата.

„Засега растот на цените е прилично ‘скромен’ имајќи ја предвид неизвесноста и потенцијалните последици од овие напади. Тие делумно го одрезуваат и фактот дека во цените на пазарите вече се вкалкулирани ризиците за снабдувањето и геополитичките ризици поврзани со Иран. Но, исто така, тоа укажува и на преовладувачката згриженост на пазарите дека продолжувањето на трговската војна меѓу САД и Кина ќе ја притиснат економската активност и ќе наштетат на растот на побарувачка на нафта во двете најголеми светски економии“, вели во анализата на Reuters Калин Бирч од „The Economist Intelligence Unit“.

Цените на двата пазара, лондонскиот и американскиот, се на патот на најголемиот дневен раст од почетокот на јануари, но сѐ уште остануваат на правецот кон седмична загуба. Цените на нафтата потонаа во средата поради неочекуваниот раст на резервите од сирова нафта во САД и задушените изгледи за глобалната побарувачка.

Американскиот советник за национална безнедност Џон Болтон на 29-ти мај изјави дека мините користени во минатомесечните напади на танкерите крај Обединетите Арапски Емирати „речиси сигурно дошле од Иран“ и го предупреди Техеран да не презема нови такви операции. Иранските власти, пак, ги отфрлија овие тврдења, а во четвртокот нивните спасувачки екипи ги преземаа сите 44 морнари од двата нападнати танкера.

Тензиите на Блискиот исток ескалираа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор на шесте светски сили и Иран постигнат во 2015 година и повторно воведе санкции, особнено насочени кон крлучниот нафтен сектор на Техеран. Иран, пак, соопшти дека нема да го заплаши „психолошката војна“ на Вашигнтон, но изрази убедување дека не може да дојде до воена конфронтација. Врз растот на цените на нафтата влијаат и сигналите дека членките на OPEC и другите големи прозивдцдувачи надвор од картелот предводени од Русија, за продолжување на намалувањето на дневното производство.