
Огромно е задолжувањето, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофално. Но, она што повеќе мене ме загрижува е што капиталните инвестиции процентуално се најмала ставка во реализацијата од тоа што било планирано, но затоа пак дефицитот со онаа стапка со која што било планирано да се реализира во фискалната година.
Што значи дека парите се собираат и се трошат за расходи кои што немаат никаква врска со капиталните инвестиции, односно не се создава додадена вредност во економијата, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.
Мицкоски посочи дека со ваков начин на работење од страна на Заев и СДСМ граѓаните живеат се полошо од претходно. Гледате дека перцепцијата и мислењето на луѓето е таква дека овие не успеа и дека луѓето живеат се полошо од тоа што било во минатото. Што значи дека средствата неповратно се потрошени, квалитетот на животот не е обезбеден и развојот на Македонија не се обезбедува бидејќи немаме реализација на капиталните инвестиции, вели претседателот Мицкоски.