Километарски колони за влез во Грција, се чека и по 40 минути

На граничниот премин „Богородица“ во моментов има колони возила, а за влез во Грција се чека околу 30-40 минути. Денеска е неработен ден, а тоа значи продолжен викенд за многумина, а во ек се и летните одмори.

Македонија денеска е во жолта фаза а високи температури ќе има ширум државата.