По повод верскиот празник Задушница, денеска и за време на викендот во периодот од 6 до 16 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, ќе има посебен режим за побезбедно и непречено одвивање.
Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на улицата „Александар Урдаревски”. По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улицата Црногорска, а на гробишта Камник по Јужноморавски Бригади“ и улица Роман Каскалиевиќ, информираат од МВР.
Оттаму апеираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите и насоките на полицајците, како и сообраќајната регулатива.