
Во Белград синоќа се одржаа граѓанскиот протест „1 од 5 милиони“ против власта на српскиот претседател Александар Вучиќ. Протестот, на кој учествуваа повеќе илјади граѓани, започна пред Теразиската чешма, по што продолжи со протесна прошетка низ централните белградски улици и заврши пред Ректоратот на Универзитетот во Белград.
Демонстраните порачаа дека „во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно, а единствениот начин граѓаните да се борат против тоа е солидарноста“.