Муцунски: Недобивањето датум е големо разочарување, но вината за тоа лежи во власта

Mеѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во своето гостување во вестите на телевизија Алфа истакна недобивањето на датум за преговори со Европската Унија е големо разочарување за државата, но вината за тоа лежи единствено во власта која има носечка улога во овие процеси.

-Не смееме да го заборавиме тоа дека пред една година ние како јавност бевме информирани дека сме добиле датум за отпочнување на пристапни преговори, што излезе сега дека не сме ги добиле. Јас сметам дека недобивањето на датум и тоа е еден став на нашата политичка партија, недобивањето на датум сега е навистина разочарување и неуспех за државата, но одговорност за тоа во вакви моменти можеме единствено да ја бараме во Владата која што ја има носечката улога во рамките на тие процеси, вели тој.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека опозицијата прави се што е во нејзина моќ, неуспехот на Владата да биде корегиран, односно Македонија конечно да добие датум за преговори со Унијата во октомври или ноември.

-Ние како политичка партија се поставуваме, некој тоа го нарекува конструктивно, ние го нарекува државнички. Ние се однесуваме државнички кога се однесува а било кое прашање кое што го засега стратешкиот надворешно-политички приоритет на Република Македонија . Тоа е без исклучок членство во Европската Унија и членство во НАТО. Што се однесува до тие приоритети ние сме спремни сите расположливи ресурси да и ги дадеме на власта, за тој неуспех кој што таа сега го има да може да го корегира. И сите заедно да сработиме да оваа земја добие датум за отпочнување на преговори во октомври и ноември, тоа е еден колективен процес, заклучи Муцунски.