Парагвај ремизираше со Катар на Копа Америка

Во втората средба од првото коло на Групата Б од фудбалското првенство на Јужна Америка, репрезентациите на Парагвај и Катар во неделата вечерта во Рио де Жанеиро ги поделија бодовите играјќи 2:2, иако Парагвајците имаа водство до 2:0.

Парагвај поведе со голот на Оскар Кардоо од пенал веќе во 4 минута од мечот, а водството го удвои Дерлис Гонзалес со дантастичен удар од 25 метри во 56 минута. Катар намали во 69 минута со, исто така, убавиот гол на Али Алоез, а на 2:2 израмни Буален Хухи во 77 минута. На самиот почеток од второто полувреме Парагвај постигна погодок, но тој по прегледување на ВАР-от беше поништен поради офсајд позиција.

Катар е една од двете гостински селекции кои настапуваат на годинешното издание на Копа Америка. Во Групата Ц е Јапонија. Катар стана десеттата репрезентација по Австралија, Костарика, Хаити, Хондурас, Јамајка, Мексико, Панама. Досега најдалеку стаса Мексико кој двапати играше во финалето, во 1993-та и 2001-та, но и двата пати беше поразен. Мексико има и три трети места.

Во првиот меч од оваа група Колумбија ја победи Аргентина со 2:0.

По првото коло Колумбија води на табелата во Групата Б со шест бодови, на делба на второто место се Парагвај и Катар со по бод, а Аргентина е четврта без бодови.