
Страшко Стојановски, универзитетски професор при своето гостување на емисија „Отворено на Алфа“ посочи дека преговорите на комисиите не водат до компромис, бидејќи оштетената страна сепак е македонската страна.
-Не би рекол дека владата молчи, повеќе би рекол дека дискретно се повлекува, префрлајќи ја одговорноста на некој друг. А, тој друг се разбира е Комисијата, односно членовите на Комисијата од македонска страна. Очигледно дека Република Македонија е во пасивна ситуација односно во пасивна состојба, посочи Стојановски. Стојановски
Тој додава дека она што владата настојува да го наметнува, го наметнува дискретно преку самата Комисија и очигледно е дека е потребно да се прават некакви компромиси би рекол условно кажано кои се врзуваат со националната историја и историските факти. Ваквиот тип на преговори условно кажано е на некој начин преседан во регионот на Југоисточна Европа, но ние сме навикнати на преседани во континуитет.
При самото свое излагање Стојановски истакна дека работата на комисиите е да се дојде условно кажано до некој компромис, но сепак сите решенија ќе бидат на штета на македонска страна за жал.