Новата амбасадорка на САД Кејт Бирнс доаѓа во јули

Вчера на церемонија во Стејт департментот во Вашингтон, Кејт Бирнс положи свечена заклетва, како нов амбасадор на САД во Република Северна Македонија, објави Амбасадата на САД.

Актуелниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Северна Македонија, Филип Рикер истакна дека амбасадорката Бирнс ќе ја предводи новата ера во билатералната соработка како пријатели и сојузници на Република Северна Македонија.

На церемонијата присуствуваа пријателите, семејството и колегите на амбасадорот Бирнс и неколкумина поранешни амбасадори во Северна Македонија.

Бирнс во земјава ќе пристигне во јули.