Суарез бара Барселона да му најде достоен заменик

Триесет и двегодишниот уругвајски напаѓач Луис Суарез е свесен дека нема да го предводи нападот во Барселона уште долго време и очекува клубот да му најде достоја замена.

„Претпоставувам дека Барса ќе привлече младо момче – број 9, кое не само што ќе се натпреварува со мене, туку ќе биде и дел од иднината на клубот, бидејќи јас самиот го сакам најдобро за тимотж“, рече популарниот  Лучо кој во моментов со својата национална селекција настапува на јужноамериканското фудбаслко првенство Копа Америка.

Суарез го води нападот на Каталонците веќе пет години по трансферот од Ливерпул. За овој период, тој помогна во освојувањето на 13 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите и четири титули во Ла Лига.