Фајненшал Тајмс: Дали Европа го третира Западен Балкан како зафрлено подрачје?

Европските лидери одново прават грешки на Западен Балкан со третирање на регионот како зафрлено подрачје кое е небитно за суштинските проблеми на ЕУ, или како мочуриште од кое побогатиот и постабилен европски Запад сака да се изолира, се вели во анализа на Фајненшал Тајмс.

Текстот е посветен на ставот на ЕУ кон Македонија, Албанија и остатокот од регионот, кој сака да се приклучи на европското семејство.

„Парламентот на Германија ја одложи одлуката до септември, Долниот дом на холандскиот парламент одби да ги почне преговорите со Албанија. Францускиот претседател Емануел Макрон бара да се обрне внимание на внатрешните реформи на ЕУ и на зајакнување на еврозоната“, а истовремено стравува дека нови преговори за проширување може да се искористат против него дома.