
Борче Гиновски, кој вчера преку социјалните мрежи му се заканувал на уредникот на „Плус – инфо“ Бранко Героски, на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581 потврдија од државната изборна комисија за ТВ Алфа.
По синоќешниот притисок како што рече Героски , поради објавување на серија текстови за наводна изнуда и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.
Текстовите поради кои Героски доби закани:
Како куртулил Трпе од банда опасни рекетари
Како Трајанка одбила да им даде општински пари на опасните рекетари Коки, Кики и компанија
Еве зошто власта е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија