
Лицето Борче Гиновски, кои упати закани до новинарот Бранко Героски, е Претседател на месна организација на СДСМ, објавува порталот „Република“.
Како што веќе претходно беше објавено, Гиновски бил и номиниран од СДСМ како член на избирачки одбор на последните претседателски избори во земјава, информација која ја потврди Државната Изборна Комисија (ДИК).
„Република“ пишува и дека постои и видео како Гиноски го обезбедува кордонот вечерта на 27-ми април на Бихачка.
Како што е познато, откако новинарот Бранко Героски го објавил вчера текстот од серијалот за рекетарската мафија составена од сопственик на медиум и политичари на власта, од лицето Борче Гиноски, добил приватна порака, во која пишувало:
Бранко малку претеруваш со објавите. Знаеш како те фарбаа со боја. Гледај да не те бањаат во Вардар.