Реал Мадрид по 117 години добива женска фудбалска екипа

По 117 години долгата историја на еден од најтрофејните фудбалски клубови во светот, мадридски Реал Мадрид, од следната седмица треба да ја добие и женската екипа со што ќе им се приклучи на другите европски гигнати кои тоа одамна го направија.

Реал Мадрид, тринаесеткратен шампион на Европа, е речиси единствениот фудбалски клуб во Шпанија без женска екипа.

Следната седмица управата ќе одржи состанок на кој се очекува усвојување на одлуката за купување на локанлниот Клуб Депортиво Такон за околу 400.000 евра. Такон, од мадридската населба Орталеза, оваа година избоди пласман во првата лига. Клубот е основан во 2014 година а неговото име е акроним од зборовите Тrabajo, Atrevimiento, Conocimiento, Organización и Notoriedad (Работа, Смелост, Знаење, Организација и Сериозност).

Во Реал размислуваат и за промена на името на клубот откако го преземат. Неговите фудбалерки ќе тренираат во спортскиот центар на „Кралевите“, во квартот Валдебебас на северот од Мадрид. Таму тренира и машката екипа, и сите возрасти од подмладокот, како и машката кошаркарска екипа која во петокот ја одбрани шампионската титула во Шпанија. Тренер на екипата ќе биде Давид Азнар кој го воведе Такон во првата лига.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во текот на својот прв мандат од 2000 до 2006 година, и вториот кој започна во 2009 година до денесе не беше заинтересиран за основање женска екипа. Но во последно време се зголеми притисокот од страна на европската фудбалска федерација УЕФА, којашто го промовира женскиот фудбал, како и од спонзорите.

Пред неколку седмици Пере ангажирал некои од своите директори да го проучат можното формирање женска екупа, односно трошоците за тимот, развојот на подмладокот и др. На крајот била усвоена идејата да биде преземен веќе формиран клуб, како и од идната сезона да се натпреварува во најгисокиот ранг во женскиот фудбал во Шпанија.

Од Реал Мадрид велат дека ова ќе биде транзициски период во кој ќе видат дали прокетот може оптимално да биде организиран. Оттаму одбиваат доведување големи засилувања од странство и звучни имиња од светот на женскиот фудбал.