Полжав предизвика хаос во јапонската железница

Главен обвинет за краткиот спој кој минатиот месец предизвика хаос во јапонскиот железники сообрачај е полжав, објавија јапонските власти.

Повеќе од 12.000 патници беа погодени со хаосот во кој поради прекин на струјата престанаа да сообраќаат речиси 30 возови на островот Кјушу, поради акцијата на полжавот, пишува BBC. Неговите останки биле најдени во уред покрај шините, објавија Јапонските железници.

Случајот е сличен на оној од 2016 година, кога во големиот хадронски акцелератор хаос предизвика ласица коај ја прегризала изолацијата во високонапонски трансформатор предизвикувајќи краток спој кој гио запре функлционирањето на уредот.

Според јапонските медиуми, полжавот се провлекол низ пукнатина и се вовлекол во уредот, па предизвикла курцшлус на прекинувачот за оптоварување.

Негов британски роднина стана славен во 2011 година кога се вовлече во кутија за управување со сообраќајната сигнализација во северниот британски град Дарлингтон, и предизвика краток спој кој резултираше со исклучени семафори и сообраќаен хаос.