
Се најавуваат протести пред седиштето на ДУИ во Мала Речица за во понеделник во 12 часот.
На 24-ти јуни, понеделник, во 12 часот, пред седиштето на ДУИ ќе се одржи протест против челниците на оваа политичка партија, а причина за протестите се бомбите на Ел Чека и случајот на Алмир, јавува Ина-онлајн.
Според истиот медиум, прв овој протест го најави Шеќерим Ахмеди или познат во јавноста како Ел Чека, а и опозицијата и многу други граѓани кои повикувале за приклучување кон овој протест.