
Вчера во 09:30 часот било пријавено дека во село Колибари-кичевско, во дворот од куќата на 31-годишниот Д.С., Н.К од Република Албанија бил прегазен од трактор во пределот на левата нога, при што се здобил со тешки телесни повреди.
На Н.К. му била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“во Охрид.
Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на расчистување на случајот.