Променливо време оваа седмица

Оваа работна недела временската прогноза ни носи доста променливо време и пад на температурите за неколку степени.

Облачно, но со сончеви периоди, прогнозираат метеоролозите за денеска но, и нестабилно на места со поројни дождови и грмежи.

Максималната температура ќе донесе 33 степени.

Нестабилно време се очекува и во Скопје со максимални температури до 30 степени.

Стабилизација на времето се најавува за среда попладне, а деновите потоа ќе биде стабилно и суво освен во петок кога се очекува кратотраен дожд.