
Почнаа заканите за организаторот на денешниот протест во Тетово. Блерим Ахмеди, брат на “Ел Чека“ за ТВ21, изјави дека полицијата ги предупредила дека може да се случи инцидент и дека тие не носат одговорност.
Тој тотврди дека полицијата не им даде дозвола да протестира пред седиштето на ДУИ, тврдејќи дека е јавно место и им рекле дека би можело да има судир меѓу нив и симпатизерите на ДУИ.
Дозвола за да протестираат имаат само пред ректоратот на Тетовскиот универзитет.