
Директорот на Управата за финансиска полиција, УФП, Арафат Муареми, во вечерашното гостување во 24 изјави дека се испитува потеклото на имотот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.
Од Антикорупциска посочија дека доколку се утврди дека имотот на одреден функционер се зголемил значително повеќе во однос на неговите примања, може да отвори постапка за испитување на имотната состојба.
„Факт е дека имаме законска обврска да соработуваме и од страна на ДКСК има побарано асистенција да се помогне во делот на водење на финансиската истрага и утврдување на точната разлика којашто е од имотот кој е пријавен на легален начин и имотот кој не е пријавен, односно да се утврди делот колку е разликата од непријавените приходи. Управата на финансика полиција е спремна во делот на водење на вакви истраги, но тоа е макотрпна работа и може да трае подолг временски период од тоа што мое да се очекува. За истиот случај е известено и ЈО дека водиме таков случапредмет заедно и доколку и тие имаат одредени насоки мое да ги дадат“, изјави Муареми.