Малолетник прободен, девојче претепано во Скопје

Малолетник е прободен со нож во скопски Чаир, а малолетна девојка е физичка нападната и претепана во населбата Шуто Оризари, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен на настани.

Според соопштението, 41-годишниот Б,М во вторникот пријавил дека на улицата . „7-ма албанска бригада“ извесен Е.Н. физички го нападнал неговиот 16-годишен син и со остар предмет му нанел повреда на левото рамо.

Претходно во понеделникот околу 14,30 часот во СВР Скопје, 52-годинпата Р.С од Скопје пријавила дека улица „Хаџи Јован Шишков“ нејзината 17- годишна внука била физички нападната од М.Ф. на 35 години.

Сочинет записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.