
Предводниот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола потврди дека повторно има проблем со хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ, кој повторно демострирал знаци на недисциплина и поради таквото однесување, искусниот напаЃач денешниот финален натпрева од Купот на Германија ќе го следи од свечената ложа на Олимпискиот стадион во Берлин.
“Не станува збор за некаков здравствен проблем, Марио е подготвен за игра. Но јас донесов таква одлука. Манџукиќ не е во комбинација за финалниот натпревар во Купот на Германија, нема да игра против Борусија од Дортмунд”, изјави шпанскиот стручњак.
Репрезентативецот на Хрватска и пред неколку месеци беше казнет од Гвардиола повторно поради нарушена дисциплина.