Грција нема конкретен план што понатаму со отвореното прашање за доделување на датум на Македонија за почеток на преговорите со европската Унија.
На денешната прес конференција по повод презентацијата на приоритетите на грчкото предеседателоство со советот на Европската Унија, заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Куркулас-дипломатски го избегна одговорот дали за време на нивното председателство Македонија може да се надева на одпочнување на преговорите што впрочем беше најавено и на вчерашниот Совет за општи работи, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.
„Што се однесува до заклучоците како што реков , тие не се само став на Грција, тука едногласно се усвоени и од останатите министри на државиите членки на ЕУ, тоа морате да го имате в предвид не е само грчки став , туку став на ЕУ“, изјави Куркулас.
Се поизвесно е дека Грција има намера да го игнорира фактот што Македонија е држава со осумгодишен кандидатски стаус за член на унијата, и пет години по ред добива позитивна препорака од страна на Европската Комисија, но тоа не го попречи Грчкиот преставник на денешната прес конференција да истакне дека проширувањето на Унијата ќе биде еден од врвните приоритети на нивното преседавање со советот на Европа.
Утре започнува дводневниот самит на советот на Европа , на кој ќе биде
потврдена одлуката –прашањетто за добивање на датум Македонија да ги започне преговори со ЕУ ќе се одложи за идната година.