Компанијата „Амадеус девелопмент“ плати 1,590 милиони евра за локацијата на скопскиот плоштад. На електронско јавно наддавање кое се одржа во 2013 година за локацијата од 1.046 квадратни метри „Амадеус девелопмент“ ја крена цената на 1.620 евра за квадратен метар. Почетната цена беше 100 евра за еден метар квадратен.
Останува нејасно како за Основното јавно обвинителство е оштетен буџетот ако се земе предвид дека ова беше најскапоплатената аукција за државно земјиште во Македонија, додека имало случаи кога земјиште во строгиот центар на градот Скопје било продавано и по цена од 25 евра за метар квадратен.
На оваа локација, пред Гратскиот трговски ценатар, беше предвидено да се гради деловен објект по претходно готово идејно решение подготвено од Владата на Република Македонија во барокен стил. Планирано беше објектот да биде висок 16 метри и да има 3.780 квадратни метри.