За шест часа сопрени над 60 возачи под дејство на алкохол во Скопје

Во периодот од 23 часот во петкот вечерта до 5 часот утрото во саботата, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи што управуваат со возило под дејство на алкохол.

Притоа, кај 61 возач утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите тие 63 возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани.

Откриени се и 118 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози.