Најмалку 15 мртви во уривање на ѕид во Индија

Најмалку 15 луѓе загинале, меѓу кои три деца, кога на градилиште по обилните врнежи се урнал ѕид врз бараки во кои биле сместени работници во градот Пуне, на западот од Индија, објави во саботата локалната противпожарна служба.

Семејствата на работниците спиеле во бараките, кога рано утрото се урнал ѕидот. Пожарникарите се обидуваат да ги спасат луѓето кои се заробени под урнатините од ѕидот и калта, а досега биле спасени тројца работници.

Во градот Пуне, во кој се седишатата на некои големи индиски компании на информатичката технолпогија и од автомобилската индустрија, е зафатен од силни дождови од петокот попладнето, и тоа најверојатно може да го ослабило „лошо изградениот ѕид“, рекол претставник на градските власти.

Секоја година во периодот на монсуните, меѓу јуни и септември, во Индија се случуваат фатални несреќи, како што се уривање згради и ѕидови, бидејќи обилните дождови ги слабете темели на лошо градените објекти.