
Малолетно девојче во скопската населба Аеродром се здобило со тешки телесни повреди кога во неа удрило возило управувано од 20-годишен возач.
Девојчето е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му е укажана лекрска помош.
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила во петокот рано попладнето, околу 14,35 часот на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „23-ти Октомври“ во Скопје. Патничкото возило марка „пежо 407“ било управувано од О.С. од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.