
Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на Влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра за набавка на систем за летање преку М-НАВ, како што објавија медиумите, истакна на денешната прес-конференција, Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Рашковски заедно со претседател на УО на М-НАВ, кој како што пишуваат медиумите е близок роднина на министерка во владата на Зоран Заев, се слуша како иако знаат дека датумот за тендерот изминал за 3 дена го доделуваат истиот на италијанска фирма. Наспроти тврдењата на Рашковски дека тендерот е доделен во 2016-та година М-НАВ го демантира преку официјалната веб страна каде се гледа дека склучиле договор во 2018-та година. Ако тендерот бил доделен во 2016-та тогаш зошто десната рака на Зоран Заев Рашковски договара рокови само за да добие оваа компанија. Според објавеното во медиумите, а кое е транскрипт од разговор помеѓу Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ се чита дека иако тие знаат дека италијанската компанија Леонардо не ги исполнува условите со неа да се договараат. Според објавеното во медиумите се чита како Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ одат спротивно на одлука на влада според која се укажува да се оди кон ретерирање, а не да се склучува нов договор, како што тоа подоцна го прават Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ. Имено според објавеното се вели: – Друга работа што мора да се измени, имаме заклучок на 63 седница на влада. Имаме одлука со која ни се укажува за да ретендерираме, зборува претседателот на УО на М-НАВ преку она што го добив во медиумите. На истово Рашковски одговара : – Ќе запишеме. Во владин заклучок ќе кажеме дека тоа престанува да важи и готово“, потенцира Василевска.
..Со оглед на тоа дека Рашковски е вршител на должност Генерален секретар на владата и се уште може да влијае на заташкување на случајот и врз доказите и сведоците обвинителството треба веднаш да делува. Ги повикуваме надлежните во најбрз можен рок да покренат постапка и да го расчистат овој случајот. Доколку се покажат како вистините наводите во медиумите Рашковски е директен сторител на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од КЗ, според кој сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 5 години. Обвинителството и надлежните институции мора да утврдат, дали и колку е оштетен буџетот на Република Македонија? Одговорност мора да има, за сите вмешани во случајот. Криминалот и корупцијата мора да станат минато… завршува Василевска.