За тонер и за хартија Македонскa поштa потрошилa 300.000 евра

Според податоците од ревизорскиот извештај за јавни набавки, Mакедонски пошти само во месец април потрошилe над 288,688 евра од кои повеќе од 100 илјади евра само за тонери за фотокопир, објави ТВ21.

Или : Набавка на стока – тонери и девелопери за хибридна пошта 28,473 евра или 1,751,120 денари.
Одржување на системи за ладење на објекти на Македонска пошта 38,374 евра или 2,360,000 денари.
Тонери, рибони и тонери за фотокопири 74,263 евра или 4,567,190 денари
Тонери, рибони и тонери за фотокопири 13,431 евра или 826,000 денари
Хартија за хибридна пошта 134,117 евра или 8,248,200 денари.
„Пред 7 месеци, директор на Македонски пошти Ејуп Рустеми призна дека има кражби во шалтерите и дека вработените украле 33 милиони денари, а 100 милион денари се украдени од надвор. Рустеми објасни дека кражбите најчесто се од шалтерските вработени и дека секој има број на шалтер и затоа лесно може да се потврди кој ги украл парите. Според информациите од извештајот на ревизија, како украдени беа пријавени 133.3 милион денари. За 14 години, буџетот на Македонска пошта е оштетен за 133.6 милиони денари“, објави ТВ21.