Еди Рама излезе на гласање во бермуди

Денеска своето право на глас во Албанија го искористи и премиерот и лидер на социјалистичката партија Еди Рама. Но, она што најмногу им падна во очи на медиумите и на пошироката јавност е токму начинот на кој што се облекол за денешниот ден.

Албанскиот премиер облече кошула, сако, бермуди и чорапи подигнати до колена, со што предизвика лавина на коментари по Интернет и по социјални социјалните мрежи.