
Македонски автобус на компанијата „Хафет Турс“ се запали во близината на црногороското летувалиште Петровац, јави Ohridnews. Автобусот се обраќал на релација Скопје – Сплит, кога во 3 часот утрово се запалил во возење.
Сите патници навреме го напуштиле автобусот, а биле спасени и речиси сите торби, соопштил еден од патниците. Набрзо стигнала и противпожарна екипа, и пожарот бил локализиран.
Патниците со друг автобус го продолжиле патувањето кон Сплит.