Туск го прекина самитот на ЕУ

EPA-EFE/JULIEN WARNAND / POOL

Челникот на Европскиот совет, Доналд Туск, го прекина ноќта кон понеделникот самитот на Европската унија поради дополнителни билатерални консулатации а клучните позиции во телата на Унијата, а дускусиите ќе продолжат подоцна, рекол за новинарите во Брисел претставник на Еропскиот совет.

Челниците на земјите членки на Европската унија, кои во неделата се собраа на вонредниот самит во Брисел за во вториот обид да се обидат да се договорат за новото водство во европските институции, го започнаа состанокот речиси три часа подоцна од предводеното, исто така, поради консултации кои се водеа во различни формати.

Почетокот на самитот беше предвиден за 18 часот, а започна дури околу 21,30 часот. Наместо веднаш да го започнат состанокот, челниците водеа билатерални и мултилатерални консултации, што самото по себе зборува дека ќе биде тешко да се дојде до договор.

Лидерите на ЕУ треба да се договорат за „пакетот“ за именувањата на челниците на Европската комисја, Европскиот совет, Европскиот парламент, претседателот на Европската централна банка (ECB) и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Ова мора да се направи пред почетокот на пленарната седница на новиот состав на Европскиот парламент закажана за 2-ри јули.

„Шефот на Европскиот совет го прекина самитот. Во моментов тој организира билатерални средби со лидерите. Самитот ќе ја продолжи работата по завршувањето на билатералните конслутации“, го цитираат агенциите европскиот службеник.

Друг извор рекол дека неопходноста да се прекине дискусијата укажува на „неможноста засега да се постигне решение“.

Вонредниот самит кој започна во неделата е третиот обид во последните два месеца да се постигне компромис за пакетот номинации за клучните функции во евроструктурите, откако на редовниот самит одржан на 20-ти и 21-ви јуни европските челнции не успеаја да постигна договор за именувањата во новиот институционален циклус. Последниот пат кога во 2014 година се избираа новите челници на европските инстиции беа потребни три месеца и три самита.

Појдовен момент во сегашните дискусии беше „пакетот“ оформен во текот на консултациите на маргините од самитот на Г20 во Осака. Тој содржеше компрмисен предлог да се има согласност за изборот на Холанѓанецот Јанс Тимерманс на позицијата претседател на ЕК, како предлог на групацијата на социјалдемоктатите, која во Европскиот парламент по мајските избори е втора зад конзервативците од Европската народна партија (EPP).

Меѓутоа, голем број земји чиишто лидери доаѓаат од групацијата на EPP, како и од земјите членки на Источна и Централна Европа, ја блокираа оваа опција поради различни причини. Од EPP и натаму инсистираат на тоа дека нивниот „шпиценкандидат“, германскиот баварски демохристијански политчар Манферд Вебер, има предност при изборот. Но неговата кандидатура засега не добива мнозинска поддршка во Европскиот совет, со што разговорите влегоа во ќорсокак.