Шведска инсталира ракетен систем на балтички остров

Шведската армија во понеделникот најави дека на балтичкиот остров Готланд ќе инсталира надграден одбранбен ракетен систем, а се претпоставува дека овој потег дополнително ќе ги крене тензиите со Русија во регионот на Балтичкото море.

Новиот систем кој го направила компанијата „Saab“ ќе ги замени мобилните противводушни топови кои шведската армија ги имаше распоредено на овој остров во средината на Балтичкото Море, на околу 350 километри од руската енклава Калининград, седиштето на руската Балтичка флота.

„Готланд е важна област, гледано од воено-стратешка перспектива. Неговата географска положба му дава значителни воени предности во поглед на заштитата и конротлата на поморскиот сообраќај, балтичкиот воздушен простор и можното за сместување воени единици и способности“, соопшти Микаел Биден, врховен командант на шведските вооружени сили.

Иако Шведска не е членка на НАТО, тесно соработива со Алијанската. По децении запоставување, Стокхолм започна да ги јакен своите сили поради загриженоста во врска со наводното руско воено влијание на Балтикот. Шведска годинава го повика рускиот амбасадор откако руски борбен авион, како што тврдеа шведските власти, во меѓународен воздушен простор минал на само 20 метри од шведски воен авион, а минатите години неколкупати се жалеше на наводни нарушувања на нејзиниот суверенитет.