Во мај 2019 година, стапката на невработеност во земјите од Европската унија (ЕУ) падна на рекордно ниско ниво од 6,3 отсто. Невработеноста во ЕУ се намали од 6,4 отсто во април на 6,3 отсто во мај. Податоците на „Евростат“укажуваат на тоа дека опасноста од рецесија е малку веројатна.
Најниска стапка на невработеност е регистрирана во Чешка (стапка на невработеност од 2,2 %), потоа Германија (3,1%) и Холандија (3,3%), додека невработеноста остана највисока во Грција 18,1%, Шпанија 13,6 % и Италија 9,9 %.
„Евростат“ исто така обезбеди податоци кои покажуваат дека стапката на невработеност во Бугарија се стабилизира во мај на рекордно историско ниво од април на 4.5% (најниска стапка на невработеност од јануари 2000 година).
Македонија, иако бележи пад во делот на невработеноста, сепак има висока стапка на невработеност од 17,8 отсто на крајот од првиот квартал од оваа година, во споредба со претходниот квартал, кога стапката на невработеност изнесуваше 19,4 отсто.