
Вагони на товарен воз на МЖ Транспорт, што сообраќал од Куманово кон Скопје, се излизгале ноќеска околу два часот на излезната свртница кај кумановската железничка станица, поради што е во прекин железничкиот сообраќај, потврдија за МИА од железничкото претпријатие.
Оттаму информираат дека во несреќата нема повредени лица и оти според првичните информации е причинета голема материјална штета.
Во тек е истрага за причините на несреќата. Од МЖ Транспорт најавуваат дека ќе објават соопштение со детали за несреќата.