
Полицијата во централен Пакистан уапси маж поради убиство на девет луѓе, вклучително и неговите жена и деца чии тела подоцна ги запалил, во серијата убиства кое локалното население ги нарекува „убиства од чест“, објави во вторникот тамошната полиција.
Мохамед Аџмал, кој само пред неколку дена се вратил од Саудиска Арабија во својот роден град Мултан во покраината Пенџаб, ја осомничил својата сопруга дека имала љубовна афера, изјавил за медиумите шефот на локалната полиција, Имран Махмуд.
Сопругата на Аџмал, двете деца и шест членови на нејзиното семејство се убиени. Потоа напаѓачите предизвикале пожар во куќата. Полицијата ги упсила Аџмал и неговиот татко неколку часа по убиството, и покренала потрага по третиот напаѓач, неговиот брат.
Стотии жени се убиени секоја година поради сомневања на нивните семејства дека одржувале љубовни или други неозаконети односни, објави комисијата за човекови права во Пакистан. Само во текот на минатата 2018 година, 800 луѓе, мажи и жени ширум Пакистан, биле жртви на напди во ткн „злосторства од чест“, покажуваат податоците на пакистанската полиција. Вистинската бројк бо можеча да изнесува многу повеќе, и до неколку илјади, имајќи предвид дека најголем број од ваквите случаи ниту се пријавуваат во полицијата, наведува комисијата за човекови прав.