
Започна најавената хуманитарна акција на плоштадот Македонија и ќе трае до 17:00 часот.
На оваа фотографија може да се види колку многу работи се собрани за навистина краток период. Се очекува акцијата да има масовен одзив и да се собере огромна помош за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
За полесна селекција на донациите, препорачливо е истите да се спакувани во картонски кутии со јасно назначена содржина на истите.
Организаторите ги повикуваат хуманите граѓани на Р. Македонија кои се во можност да донираат било што: облека, куќни апарати, постелнина и слични потребни работи за секојдневен живот.
Донација може да се изврши и преку бројот 143-400 од било кој мобилен оператор во Македонија.