
Пред малку Кривичниот суд донсе одлука за ослободување од обвинение за Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан кои беа обвинети за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково во случајот „Тревник“ на СЈО, бидејќи според судот, не станува збор за кривично дело според законот.
Трошоците за судењето одат на товар на државниот буџет.
Од СЈО бараа судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките. Според СЈО, обвинетите делото го сториле со умисла, бидејќи иако знаеле дека немаат право на градба, сепак почнале да градат и изградиле три викенд куќи во Општина Зелениково.
Одбраната, пак ги оспоруваше доказите на СЈО и посочи дека не успеале да го докажат делото за кое ги товарат.