
Според „Џумхуриет“, поранешната база Акинчи (Преименувана во „Mürted“ – прев: „Опомена“, по обидот за државен удар во Турција и нејзиното распуштање и укинувањето на единиците во нејзин состав) ќе биде првата база каде системот С-400 ќе биде оперативен.
Според извори, но и се погласни неофицијални кажувања, веќе е назначен непознат полковник за командант на базата, и се очекува наредните денови персоналот од турските воени сили кој се наоѓа на обука во Русија, наскоро да се врати заедно со елементите на ПВО системот С-400, каде ќе продолжи операционализацијата и ставањето во функција на системот до ниво на полна борбена готовност.
Приоритетна намена на системот ќе биде против-воздушна одбрана и заштита на Анкара, а подоцна и на Истанбул. Изворите исто така нагласуваат дека С-400 нема да биде ставен во заедничка спрега и функционалност со заедничкиот систем за контрола на воздушниот простор на НАТО, чии елементи (радарски станици, ракетни системи и системи за командување и контрола) се наоѓаат во Турција.
Со оглед на тоа што Турција ќе ја добие својата прва испорака на ракетниот систем за противвоздушна одбрана С-400 од Русија до крајот на овој месец, долгиот спор меѓу САД и Турција околу договорот, најверојатно ќе биде актуелен околу прашањето за улогата на Турција во петтата генерација на програмата на ловецот F-35.
Пентагон ќе ја протера Турција од програмата до 31 јули ако ја прифати оваа прва испорака на С-400, која треба да започне во средината на јули. Турскиот претседател Ердоган во неколку наврати повтори дека испораката С-400 е веќе завршена работа.
Ердоган потврди дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, имале средба на маргините на самитот на земјите Г20 во Осака и покрај заканите од САД за санкционирање на Турција во врска со купувањето на С-400. За време на состанокот меѓу двата претседатели во Јапонија минатиот викенд, Трамп изразил одредена симпатија кон позицијата на Турција, но сепак не ги отфрлил изгледите за санкции.
Ердоган, исто така, нагласил дека ако Турција биде избркана од програмата F-35, ќе побара надомест за флотата од F-35, која веќе ја нарача и плати со сума од над 1 милијарда долари, истакнувајќи дека ако е потребно ќе ги користи меѓународните арбитражни судови.
И покрај заканата од арбитража на Ердоган и изразеното верување дека Трамп ќе спречи какви било санкции за Турција, според експертите се чини дека е поверојатно дека Анкара ќе биде отстранета од програмата F-35 и ќе се соочи со санкции откако ќе ја добие својата прва група на С- 400. САД е првиот сопственик на сите произведени F-35, додека тие не се префрлат на купувачот, подложувајќи го секој трансфер на националниот закон.
И покрај очигледната отвореност на Трамп за “поблагиот пристап” за купување на Турција на F-35, Конгресот најверојатно останува решен да ја казни Турција и администрацијата. Една од можностите е за авионите на F-35 кои Турција веќе ги има добиено, но се уште се во Соединетите Американски Држави, е тие да бидат откупени од Соединетите Американски Држави.
Официјалните претставници на НАТО велат дека присуството на руски С-400 во сојузната земја ќе создаде безбедносни ризици за одбранбените системи на НАТО, вклучувајќи ги и борбените авиони F-35. Во суштина, никоја од земјите на НАТО нема да испрати борец од пета генерација во Турција додека С-400 е распореден.
Веројатно можно е да се видат некои промени – првенствено во однос на ограничување на одредени распоредувања како дел од обуката со Турција за да се спречи изложеноста на F-35 на системот С-400.
САД веројатно се помалку загрижени за летање на постари модели на борбени авиони околу С-400, што претставува признание дека „тоа е однапред изгубена битка“. Другите членки на НАТО, без сомнение, ќе спроведуваат слични оперативни безбедносни причини.
Турција има валидна потреба за ракетни ПВО системи со долг дострел, со номинална способност за одбрана на балистички проектили, но постојано ги одбиваше понудите на западните контрактори за одбраната за снабдување со таков систем.
Турција веќе одби повеќе американски владини понуди за продажба на разни видови на „Патриот“ од 2008 година, но не само поради инфериорност во перформансите туку и поради недостигот на волја за понудата на произведувачот Рајтеон да понуди индустриско знаење и локални договори за соработка што се од особено значење за турската воена наменска индустрија.
Заедничкото производство со Русија е причина повеќе што Турција се одлучи за С-400. Поголемиот „засладувач“ во договорот С-400 се чини дека е руски кредит со ниска каматна стапка за да помогне во финансирањето.
