Cooking with Brankо ги кани медиумските личности да готват за социјални семејства

Ентузијастот за готвење, Cooking with Branko,(Бранко Попоски) одлучи да се предизвика себеси и другите со една хумана цел. На уникатен начин и “предизвик“ ги поттикнува и повикува сите кои што се во можност, да нахранат од 3 до 5 лица за 100 денари.

Cooking with Branko веќе една година работи на својот проект и блогирање. Тој нашето општество го нарекува „кујната на милион и еден вкус“ и сака секој да го почувствува тоа. Ова не му е прв хуман проект и со сигурност нема да му е последен.

Од понеделник, 1-ви јули, до 20-ти јули, Cooking with Branko ги предизвика Александра Јанева, Димитар Атанасовски, Сања Савеска, Јана Серафимова, Eye Cue, Сара Мејс, Ване Маркоски, Тина Мицковска, Николина Славковска, Влатко Чаловски, екипата на Утринска на Телма, Елена Стефановска, Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова, Коста Петров, Валентин Петрески, Ивана Торес и Снеже Велков да бидат дел од хуманиот предизвик и да одговорат со 3 до 5 зготвени оброци, кои ќе бидат донирани за семејствата од социјален ризик преку Ретвитни Оброк и здружението Љубезност. Воедно, секој може да им се приклучи и помогне.