Костимите за капење Бонати достапни и во Македонија

Српскиот бренд Бонати ја лансираше својата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 во продавниците низ Македонија. Летната колекција доаѓа во бои и форми кои ќе бидат апсолутен тренд оваа сезона, како за жените така и за мажите.
Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златни детали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации.
„Бонати во Македонија на своите купувачи им овозможува попуст -30% на одредени модели на дел од новата колекција костими за капење и програм за плажа во нашите продавници во Скопје, Куманово, Охрид, како и преку нашата он-лајн продавница www.bonattи.mk. За нашите верни потрошувачи долната облека ја имаме и на намаление до 50%, така што имаме вистински сезонски попуст“ потенцира Драган Ангеловски, генерален менаџер за Бонати во Македонија.
Повеќе од деценија, Бонати е препознатлив бренд во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Италија и Грција.