
Почина професорот по филозофија Стефан Сидовски- Сидо, кој 36 години предаваше и беше еден од најомилените професори во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, а беше и вонреден професор во ЕСРА по историја на филм и теорија на филм.
Сидовски беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм.
Познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици.
Тој е автор на филмовите: Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016)…
Неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.