
Законите очигледно не важат за лицата од непосрена близина на премиерот Зоран Заев, па чувствувајќи ја таквата комоција претседателот на бордот на директори на Акционеското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, на свадбена веселба се појавува со пиштол вденат во појасот, и згора снимката гордо ја споделува на социјалните мрежи.
Непознато е според кој закон Исени може да го носи склопеното огнено оружје, како и дали Министерството за внатрешни работи му издало специјална дозвола за тоа, ниту засега се знае дали ќе преземе дејствија во врска со овој настан. Засега нема информации дали пиштолот бил користен во традиционалното пукање во свадбените веселби.
А токму во петокот тетовската полциија упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаи на повредени лица и оштетени возила и друг имот. Апелираат и да не организираат огномети на недозволен начин. Соопштуваат дека во периодот што следи ќе има зајакнати контролните активностите со цел да се превенираат и санкционираат ваквите појави
Пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.