Премиерот Зоран Заев на средбата со премиерот на Бугарија Бојко Борисов го поканил на зедничка прослава во нашата земја на двегодишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство.
Покрај заедничкото одбележување на 2 години од потпишувањето на Договорот, Заев предложи и одбележување заеднички споделени моменти. Се очекува позитивен одговор од Борисов.
Премиерот Заев на маргините на самитот во Познањ се сретна и со српската премиерка Ана Брнабиќ и се договорил до крајот на јули да се отвори Уан Стоп Шоп (One Stop Shop) на границата со Србија, за граѓаните најмалку двојно помалку да чекаат на влез во нашата земја.