Медиумите блиски до СДСМ уште еднаш застанаа во одбрана на Зоран Заев, не бирајќи аргументи и претставувајќи го како лик сосема спротивен од оној кој јавноста го познава.
Според пишувањата на опозицискиот портал Либертас, Заев соочувајќи се со “нападите“ од граѓани и медиуми, одлучил дека е подобро да биде напаѓан отколку да ги прифати договорите кои наводно му биле нудени.
Струмичкиот градоначалник не е ново лице во македонската политичка сцена и него граѓаните доволно го познаваат. Затоа е тотално безуспешен обидот на медиумите да го претстават Заев како пожртвуван лидер кој на свој грб ќе го понесе теретот од случувањата по изборите, на кои СДСМ претрпе два порази во еден ден.
Либертас нагласено сака да го симулира Заев како личност сосема спротивна од своите вистински карактеристики. И самиот опозициски лидер досега неколкупати себеси се претставува како чесен и храбар политичар и глуми жртва.
Порталот на Ацо Кабранов најверојатно од денес започнува нова пропаганда, контролирана од СДСМ.
Зоран Заев е човек обвинет за криминал тежок 8 милиони евра. Нелогично е тој да биде нарекуван чесен, а уште помалку човек кој ќе се жртвува за нешто и некого.
Наследникот на Бранко Црвенковски, ги остави своите сопартијци да ја трчаат изборната трка која знаеа дека ќе ја загубат, а тој вешто избега да биде предводник на листите и да се соочи со првите луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ниту тогаш, а ни сега неможе да се нарече пожртвуван лидер.
За потсетување, пред само неколку недели на Бихаќка се бараше оставка од Заев поради погрешните чекори во текот на изборната кампања и по објавувањето на изборните резултати. Овој политичар и тогаш како неколкупати досега, го стави личниот интерес пред партискиот и државниот. Тогаш, Либертас и останатите медиуми под контрола на СДСМ, не го карактеризираа Заев како чесен политичар и пожртвуван лидер.