Разладување дојде во земјава по повеќедневните екстремно високи температури кои се искачуваа и до 37 степени. Денешните температури ќе се движат од 12 до 25 степени, а врнежи се очекуваат во попладневните часови.
Синоптичарите прогнозираат за денеска повторно сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.
И за утре прогнозата е сончево време со мала облачност и со умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 32 степени.