Поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е азилант во Унгарија има активен социјален живот во Бидумпешта.
Груевски присуствуваше и на приватна бизнис забава во унгарската метропола на 7 јуни во организација на Италијанската стопанска комора во Унгарија – ИТЛ груп, на која, како што објавија медиумите, 8 години по ред се собираат разни личности од јавниот и општествениот живот на Унгарија.
На една од фотографиите објавени на официјалниот фејсбук-профил креиран за овој настан, Груевски е фотографиран до атрактивна девојка, која може да се види и на други фотографии направени за време на настанот.