9.8 C
Skopje
среда, декември 4, 2024

Над педесетина скопјани возеле побрзо од дозволеното

Ова го покажале резултатите од зајакнатата акциска контрола на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, спроведена изминатото деноноќие, од 6 до 24 часот.

Како што соопшти денеска МВР, акциската контрола е за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.