Американски војник убиен во Авганистан

Припадник на американските војски во Авганистан, е убиен во саботата, соопшти мисијата на НАТО во оваа земја „Решителна поддршка“, без да бидат соопштени поединости ниту идентитетот на војникот.

Бројот на американските војници кои загинаа во Авганистан од почетокот на 2019 година се искачи на најмалку седум жртви.

Околу 20.000 странски војнции, од кои најмногу Американци, се распоредени во рамките на мисијата на НАТО за обука, помош и советување на авганистанските безбедносни сили. Дел од американските сили спроведуваат и антитерористички операции против радикалните исламистички милитантни групации.

Рекордни 3.804 авганистански цивили се убиени минатата 2018 година во Авганситан, поради засилените воздушни напади на силите предводени од САД и во самоубиствените бомбашки напади на милитантите, соопштија Обединетите нации во февруари годинава.

Неодамна во Катар беше одржан последниот круг од дводневните меѓуавганистански преговори на претставниците на власта во Кабул и на талибаниет, со цел да се постигне мировно решение за судирот во Авганистан. Двете страни, меѓу другото, разговараа и за поединостите за повлекувањето на странските војници од земјата, гаранциите поврзани со борбата против тероризмот, и за сеопфатниот прекин на огнот. Авганистанската влада во вторникот изјави надеж дека овој состанок во Доха ќе води кон директни преговори со талибаните и дека ќе биде ставен крај на 18-годишниот конфликт.