
Моментот од гранатирањето на зградата на телевизијата „112.Украина“ во Киев бил снимен од надзорните камери, и во сабоатата на социјалните мрежи се појави снимката како проектилот удира во објектот.
Како што соопшти телевизијата, инцидентот се случил околу 3,40 часот ноќта, кога двајца напаѓачи стрелале во зградата а потоа побегнале. Нема настрадани во гранатирањето.
Полицијата која извршила увид на местото на настанот соопшти дека е оштетена фасадата на зградата на „112.Украина“, а бил открен тубусот на минофрлачот кој ќе биде испратен на дополнителни испитувања. Овој напад се води како терористички чин, додава полицијата.
Претходно деновиве телевизијата „112.Украина“ соопшти дека добива закани поради најавата дека ќе го емитува филмот „Во борбата за Украина“ (Revealing Ukraine), на славниот американски режисер Оливер Стоун и на украинскиот документарист Игар Лопатенок, во кој се прави обид да се појаснат причините за украинскиот конфликт. Закана до телевизијата поради намерата да го прикаже филмот упати и глевниот обвинител на Украина, Јуриј Луценко.
Генералниот дирњектор на „112.Украина“, Егор Бенкендорф, ги повика кабинетот на претседателот Валдимир Зеленски, владата, министерот за внатрешни работи Арсен Аваков, јавното обвинителство и Службата за безбедност на Украина да го осудат гранатирањето.
https://www.youtube.com/watch?v=cpWGq3aHgHs